Глумицата Натали Портман ќе го глуми Тор, богот на грмотевиците, во новото продолжение на филмот, „Тор: Љубов и бура“. Таа ќе го замени Крис Хемсфорт, кој ја играше неколкупати оваа улога. Портман во првите два дела од филмот ја глумеше Џејн Фостер, девојката на Тор, но таа не се појави во третиот дел. Актерката имаше мала улога во „Одмазници: крајот“, по што фановите пишуваа дека сакаат повторно да ја видат во популарните филмови.
Пред новинарите и фановите на „Комик кон“ во Сан Диего, Портман вчера го зеде чеканот на Тор и потврди дека таа ќе биде суперхеројот во новиот дел. Според продуцентите од студиото „Марвел“, промената е направена за да се задоволи желбата на фановите повеќе жени да бидат во главните улоги на филмовите, но и да ја следат оригиналната приказна на стрипот, во која Тор ја губи моќта, како недостоен да му служи на чеканот, а неговата моќ ја презема жена.
Во филмот „Тор: Љубов и бура“ ќе се глумат Крис Хемсворт и Теса Томпсон, а режисер ќе биде Таики Вајтити, кој го режиррапе и претходниот филм „Тор: Рагнарок“. Филмот ќе почне да се снима наскоро, а премиерата е закажана за 5 ноември 2021 година.
Текстот Натали Портман ќе биде новиот Тор – богот на грмотевиците е превземен од Reporter.mk.