Наташа Беквалац не сака трето дете

Наташа Беквалац која ги има ќерките Хана и Катја, кои ги доби од браковите со Данило Икодиновиќ и Лука Лазукиќ, вели дека не сака трето дете.

„Емотивно сум исполнета со моите две ќерки Хана и Катја. Мислам дека повеќе не сакам да имам деца. Не размислувам за „господин вистинскиот“, ниту пак го замислувам. Љубовта не е грев и секој има право да се бори за неа. Нема што тука многу да кријам. Ако дојде до тоа, самата ќе кажам во јавноста“, изјавила Наташа.

Пејачката често истакнува дека нејзините две ќерки биле тие кои ја извлекле од секоја лоша животна ситуација. Таа вели дека тековната година ја смета за среќна и покрај големиот број на семејни проблеми кои ја снајдоа.

Наташа вели дека не може да ја смета годината во која ја добила нејзината втора ќерка Хана за несреќна.

 

Текстот Наташа Беквалац не сака трето дете е превземен од Reporter.mk.