Наташа Беквалац нема да присуствува на денешното судење на Лука Лазукиќ

Денес во Првото основно обвинителство ќе биде продолжено судењето на Лука Лазукиќ, кој беше пријавен од сопругата Наташа Беквалац за семејно насилство.

Српската пејачка која вечерва ќе има настап во еден белградски сплав, вели дека соругот физички ја нападнал во ноќта меѓу 13 и 14 април во нејзиниот стан на Дедиње, по што, против Лука поднела кривична пријава. Сега правдата ќе ја бара на суд.

Сопружниците за прв пат по инцидентот се виделе на 2 јули, кога започнала судската постапка. Иако во судницата минале само неколку минути заедно, Наташа набрзо потоа го напуштила судењето, затоа што постапката била одложена, поради фактот што Лука имал пет бранители.

Наташа ни денеска нема да присуствува на судењето, но вечерва ќе настапи на белградскиот спал Ривер. Разочарување што нема да може да присуствува на настапот на Наташа, на социјалните мрежи сподели родената сестра на Лука, Ана Калиниќ.

„Ете што утре ќе пропуштам… Затоа што ме изморивте со политика преку Дрина!!! Не ја пропратив веста за утрешниот настап, но верувам дека Ривер повторно ќе биде полн. Драги луѓе, затоа вие не ја пропуштајте Ривер утре вечер. Минатиот пат беше феноменално!!! И сега, нека се јават оние кои можат барем 2 пати во вака краток временски период да пеат на Ривер“, напишала Калиниќ на нејзиниот фејсбук профил.

 

 

 

Текстот Наташа Беквалац нема да присуствува на денешното судење на Лука Лазукиќ е превземен од Reporter.mk.