Наташа Беквалац пак стави силикони

Српската пејачка Наташа Беквалац стави нови силиконски гради. Таа по седум години ги смени старите силикони за нови и сега се опоравува од операцијата, пренесоа српските медиуми. Тие се повикуваат на блиски на пејачката, кои рекле дека новите гради на Беквалац се „поубави и поцврсти“ од претходните.

„Во моментов Наташа закрепнува. Операцијата помина во најдобар ред. Сестрите Кристина и Драгана ѝ помагаат околу помладата ќерка Катја, а за кратко време и Наташа ќе се врати на секојдневните обврски. Таа беше кај нејзиниот лекар кој ѝ препорача да направи замена на силиконите, за градите да ѝ се поткренат и да изгледаат поприродно“, рекол пријател на пејачката.

Според медиумите во Србија, Беквалац важи за пејачка со најдобри силиконски гради во земјата, бидејќи делуваат како да се природни.

„Наташа не сака претерано големи гради, па побара новите силикони да изгледаат поприродно. Има исти гради како и пред тоа, само што се поцврсти,“ додал истиот извор.

Текстот Наташа Беквалац пак стави силикони е превземен од Reporter.mk.