23-годишната Дана, која се натпреваруваше во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“ среде емисија му рече на Саша Поповиќ дека е идиот. Откако таа заврши со пеење, членовите на жирито искоментираа дека не изгледа како да има повеќе од 15 години. Таа им раскажа дека студира јапонски јазик, а Саша тогаш се пошегува дека треба на еден член од жирито на јапонски да му каже дека има големи гради. Наместо тоа, Дана се свртела накај Саша и го изговорила зборот „бакајаро“, а потоа рекла дека тој збор значи „идиот“. Саша се збунил, а жирито и публиката се смееле на цел глас.
Текстот Натпреварувачка во „Гранд“ го нарече Саша Поповиќ идиот е превземен од Reporter.mk.