Фолк-пејачот Наум Петрески вчера на социјалните мрежи реагираше бурно на вадењето на оградата од пред Влада. Тој побара властите оградата да му ја дадат нему оти му требало ковано железо. Потоа пејачот почна преписка со Иван Радевски, кој политичарите ги нарече „болни глави“. Понесен од целата ситуација, Петрески за политичарите од власта напиша дека се телиња какви што досега не видел и додаде дека во која било држава досега од нив ќе направеле „мелено месо за прихрана во зоолошка“.
Не е првпат фолк-пејачот да се расправа на Фејсбук и да користи погрдни и заканувачки коментари. Тој неодамна се расправаше со извесна Јаци Луна, а ја нарече сдсмовка кучкарка, па дури и побара жените како неа да се убијат.
Текстот Наум политичарите ќе ги прави мелено месо за прихрана во зоолошка е превземен од Reporter.mk.