Поради HBO серијата “Сексот и градот”, која се емитуваше од 1998 до 2004 година, Сара Џесика Паркер стана култна телевизиска личност. Без ликот на Кери Бредшо никогаш не би се стекнала со светска слава и титулата за модна икона, но пред самиот почеток на снимањето на денес култниот серијал глумицата немала добро чувство.
“Се согласив на тоа, но пред почетокот на снимањето започнав да паничам. Одеднаш се чувствував како некој да ме држи за заложник или како да ме гуши”, рекла Паркер.
Дотогаш немала толку строг распоред на снимање и мислела дека нема да успее, но со текот на времето брзо се прилагодила така што во другите сезони станала и продуцентка, а таа работа ја работеше и на двата филмови кои излегоа веднаш после крајот на седмата сезона.
Иако Ким Катрал рекла дека не доаѓа во предвид да го снима третиот филм, Сара Џесика Паркер вели дека сè уште не се откажала од таа идеја.
“Не значи дека нема да снимаме понатаму, само моментално нема да се случи”, рекла глумицата
Текстот „Не беше лесно да се биде Кери“, Сара Џесика Паркер за „Секот и градот“ е превземен од Reporter.mk.