Модната шоу-програма Викторијас Сикрет се бори со телевизискиот рејтинг и симпатиите на публиката од 2016. година. Униформираната модна ревија на чија писта шетаат исклучиво витки девојки е на мети на критика неколку години поради игнорирањето на плус-сајз моделите.
Интервјуто со маркетинг директорот за магазинот „Вог“ Ед Разек го потпали огнот во светските медиуми и на социјалните мрежи. Седумдесетгодишниот Разек е задолжен за кастингот на девојките кои шетаат на пистата на ревијата и неговиот одговор на оние кои ги критикуваат преслабите девојки дополнително ја вжешти атмосферата.
„Не мислам дека мораме да ги исполнуваме желбите на купувачите. Ние сме тесна област во модниот бизнис, не сме трговски центар. Јас секогаш се прашувам – зошто го правиме тоа што го правиме и која е причината? Зошто поканивме некого на ревија? Дали ги повикавме затоа што тоа е политички коректно.“, рече Разек
Разек смета дека витките девојки не треба никому да се извинуваат затоа што се убави и секси и дека на нивните ревии нема да шетаат плус-сајз модели.
„Не, не ни требаат транссексуални личности на ревиите, ниту пак плус-сајз модели. Зошто? Затоа што ние сме шоу кое ги исполнува фантазиите. Тоа се 42 минути забава. Тоа е тоа.“
Маркетинг директорот тврди дека нивните манекенки се „агресивно фит“, но и дека најголемиот дел од луѓето сакаат да бидат такви.
„Дали треба да се извинат затоа што изгледаат како што изгледаат? Тоа е нивна професија и начин на кој се изразуваат. Тоа ги прави модели, токму тоа на Хајди Клум и ја создаде кариерата.“, додал тој.
Текстот „Не ми требаат дебели манекенки, гајле ми е за желбите на купувачите“, кажа директорот на Викторијас Сикрет е превземен од Reporter.mk.