Не сакал да ѝ ги плаќа долговите, се огласи поранешниот сопруг на Памела

Филмскиот продуцент Џон Питерс, кој неодамна ги изненади сите со објавата дека по 12 дена брак, се разведува од поранешната глумица Панела Андерсон, сега се огласи во јавноста преку писмо во кое тој посочува дека не сака повеќе да ѝ ги плаќа долговите.

Светските медиуми пренесуваат дека Џон ѝ платил на Пемела долгови од речиси половина милон долари, а за неа се потрошил и на скапа гардероба. Тој самиот се нарекол стара будала, а вели и дека Памела ја лажела јавноста околу запросувањето, објаснувајќи дека дека таа била таа која го запросила него преку СМС порака.

„Не морам да ви кажам дека кога ми ја напиша пораката дека сака да се омажи за мене, тоа за мене беше како остварување на сонот. Во тоа време бев верен со друга и таа дама требаше да започне заеднички живот со мене. Оставив сè заради неа“, изјавил Џон.

Претходно Памела го обвинила Петерс дека станал посесивен и склон на претерана контрола, додека продуцентот го возвратил ударот пишувајќи писмо до јавноста кое го насловил со „Сè што ми кажа е лага“.

„Ѝ дозволив да влезе во мојот живот и ја дочекав со отворени раце. Ако под контрола веројатно мисли на тоа што ѝ ги платив долговите, кога остана без пари, кога и ја обновив целата гардероба. Не сакав да кажам ништо, само одлучивме секој да си тргнеме по својот пат, но сега морам да ја раскажам вистината“, изјавил продуцентот.

Во писмото кое им го испратил на медиумите, тој ги пренел и преписките со кои на Памела ѝ дал до знаење дека сака да се разведе.

„Сватив дека имам 74 години и дека ми е потребен мирен живот, а не јавна љубовна врска“, напишал тој.

Питерс и Памела се венчаа на 20 јануари на тајна церемонија, а на 1 февруари открија дека се разведуваат. Двајцата се познавале 35 години, а во 1989 година, биле и во кратка врска.

Памела претходно се мажела четири пати со рокерите Томи Ли и Кид Рок, а со покерашот Рик Саламон се разведувала дури двапати. Последната врска и беше со францускиот фудбалер Адил Рами.

 

 

 

Текстот Не сакал да ѝ ги плаќа долговите, се огласи поранешниот сопруг на Памела е превземен од Reporter.mk.