“Не сум среќна кога молам за гардроба и настапи“, Лeонтина раскажа за проблемите во кариерата

Српската пејачка, Леонтина Вукомановиќ, неодамна во интервју за „Блиц“ зборуваше за животот како самохрана мајка, но и за проблемите што ги има во кариерата бидејќи самата се грижи за се. Таа вели дека воопшто не ѝ е лесно да заработи. А кога ѝ е најтешко, жали што покрај себе нема тим, менаџер и луѓе што ќе ѝ помагаат во работата.

„Немам менаџер, туку се промовирам самата. Немам маркетинг тим и тоа ми е товар. Не сум среќна кога мора сама да се јавувам за гардероба, испаѓа молам за гардероба, за фризура, што сама мора да договарам настапи. Но, за да опстоите во шоу-бизнисот денес, мора да сте си и менаџер, и продуцент и стилист на самиот себе. А јас отсекогаш работам сама. Работам и во Детскиот културен центар Белград, па го користам своето влијание како јавна личност и познанствата што ги имам за да ја промовирам детската култура“, вели Леонтина, која е и текстописец и композитор.

Нејзината ќерка Луција (9) повеќе сака да се дружи со врсниците, отколку да биде манекенка на ревиите за деца или на хуманитарните ревии на кои се појавува Леонтина. Но, таа и понатаму често оди со мајка си на јавни настани.

„Никогаш не пропушта можност да дојде со мене на некоја ревија, ама поважни ѝ се забавите со децата од одделение. Неодамна ми рече: ‘Мамо јас сум дете, имам девет години и повеќе сакам да си играм. Манекенка можам да бидам кога ќе пораснам’. А порано не пропушташе можност да се прошета по модната писта“, рекла Леонтина.

Пејачката раскажа и дека не е строга мајка, ама дека на својата ќерка ѝ брани премногу да користи мобилен телефон.

„Не ѝ го бранам мобилниот, затоа што ќе ми се налути, ама мене ми пречи да е цело време на телефон. Ѝ го земам ако мислам дека претерала, па ѝ објаснувам дека мора да постои баланс. Ама да можам, дефинитивно би ѝ забранила да користи мобилен“, вели таа.

 

Текстот “Не сум среќна кога молам за гардроба и настапи“, Лeонтина раскажа за проблемите во кариерата е превземен од Reporter.mk.