Српската пејачка Неда Украден која во моментов се наоѓа во изолација во станот на нејзината ќерка Јелана, вели дека поради пандемијата со коронавирусот морала да откаже десетици концерти и дека ако продолжи вака, таа финансиски ќе биде уништена.
Таа вели дека ги почитува препораките и наредбите на властите и како граѓанин која има повеќе од 65 години, не излегува од својот дом.
„Сега имам време да читам книги, а тука се разбира се и телефоните, телевизијата. Се информирам за се и сешто. Се обидувам да бидам во тек со сите информации, кои за жал стануваат се подраматични“, изјавила Неда.
Во ваква ситауција таа вели дека најмногу и недостасува друштвото.
„Сега се прашувам што ќе ми се толку фустни, чевли, торби. Јас сум некој кој целиот живот го мина на концерти, поминав илјандици километри. Ова за мене претставува голем шок, но ги имам драгите луѓе околу мене со кои комуницирам. Се слушам и со пријатели од Сараево, Загреб, Белград, Скопје. Се на се, не сум сама“, вели Неда.
Таа признава дека не и е жал што моментално во животот нема маж на кој би му дала поддршка, затоа што вели дека добро и е и сама.
„Многумина ќе полудат. На секој му е потребна поддршка и љубов. Многумина водат паралелни животи со љубовници. На нив сега им е најтешко. Мене вака ми е добро. Не ми треба некој да ме малтретира, а да не е вреден за мојата љубов“, вели Неда.
Таа во моментов повеќе ја загрижува финансиската ситуација, со оглед на тоа дека морлаа да откаже голем број концерти и настани.
„Кој не би бил загрижен во ваква ситуација? Мене досега ми се откажани десетина концерти. Секогаш пејачите биле слободни стрелци, но сите ние имаме некакви обврски. Сакам на моето семејство да му оставам нешто. Не сакам да бидам една Неда која пеела, а не оставила ништо. Нека моите деца ме паметат по песните и по она што сум им го оставила“, вели пејачката.
Текстот Неда Украден: Изолацијата финансиски ќе ме уништи е превземен од Reporter.mk.