Српската фолк-пејачка Неда Украден неодамна изјавила дека во кариерата единствено жали што не пеела на Евровизија. Иако во 1980-те пееше како придружен вокал на евровизискиот настап на Сеид Мемиќ Вајта, никогаш не настапи сама.
„Отсекогаш имав желба да настапувам на Евровизија. Во времето кога излезе песната ‘Зора је’, немаше интернет, ниту Јутјуб, а песната најде пат до публиката и надвор од границите на нашата земја. Во тоа време, тоа беше голем успех и ми е жал што како самостоен изведувач не учествував на Евровизија, рекла Украден.
Таа додала дека и сега би сакала да пее на овој фестивал.
„Би била интересна појава на овој фестивал! Ако ништо друго, барем ќе бидам најстарата учесничка со шокантен настап“, рекла Неда.