Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб, кој е закажан за 20 дена. Прво на интернет се појавиле информации дека концертот е откажан, но како што пишува Индекс.хр, сè уште не се знае дали концертот ќе се одржи или не.
„Настанаа организациски промени“, рекле од агенцијата која го промовира концертот во име на организаторите.
„Билетите не можат да се купат во моментов, како резултат на организациските промени поврзани со концертот на Енрике Иглесијас. Ние ќе се обидеме да обезбедиме нови информации што е можно поскоро“, е објавено на веб-страницата за продажба на билети Eventim.
Од друга страна, најавата за концертот во Загреб исчезна од официјалната веб-страница на Иглесијас. Индекс.хр наведува дека официјално е само дека конечната одлука за концертот треба да се знае утре.
Иглесијас одржа концерт во Загреб во мај 2016 година.
Текстот Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб е превземен од Reporter.mk.