Фудбалерот на Париз Сен Жермен Нејмар е во врска со Наталија Барулих, пишуваат светските медиуми. Наталија неодамна му го честиташе роденденот на Нејмар, објавувајќи нивна заедничка фотографија и порака.
„Сите знаат колку си неверојатно талентиран, но кога би знаеле колку си убав од внатре. Ја имаш мојата почит, бебо“, напишала Наталија.
Ова не е првпат медиумите да ги поврзуваат двајцата. И во ноември минатата година, двајцата многупати биле видени заедно. Таа го следела на мечевите на ПСЖ, иако тогаш не ја потврдија нивната врска.
Двајцата имаа и заедничко снимање во Париз, а Нејмар на „Инстаграм“ објави снимка од сетот.
„Мојата партнерка во злосторот“, напиша на видеото Нејмар и насмеано позирал со Наталија која му одговори дека го сака. Нејмар не е единствената светска ѕвезда со која Наталија излегувала. Претходно неколку години беше во врска со раперот Малум, кој многумина го нарекуваат најголемиот латино заводник на музичката сцена.
Медиумите во Хрватска пренесуваат дека и покрај тоа мајката на Наталија е Кубанка, таа се чувствува како Хрватица. Минатата година за првпат беше во посета на земјата, а друштво и правеше раперот Малум. Двајцата споделија заеднички фотографии по социјалните мрежи, од нивните заеднички излегувања по ноќните клубови.
Текстот Нејмар е во врска со модел од Хрватска е превземен од Reporter.mk.