Актерот Сашо Тасевски реагираше на Фејсбук по промоцијата на најновата песна на дуото „Некс Тајм“, „Нешто ќе те питам бабо“ која што ја промовираа во Драмски театар Карпош.
Тасевски јавно ги прашува браќата Мартин и Стефан, од кого земале пари за да се идеологизираат и да си го валкаат музичкиот опус со ликови кои ниту нивното време ги оправдало, ниту историјата, а за нашето се тотално неважни.
„Нели бевте рокери? „Ганс анд роузис“, ово оно. Кога отидовте у б’лгарски врховисти? За кого го направивте препевот? За новите генерации што растат со „фортнајт“ и „мајнкрафт“ и чии процесори работат во терабајти ? Што ќе научат од тој препев? Чуму? За кого бе? Па уште промоцијата на новиот спот за Тодор Александров во Драмски театар“, пишува Тасевски на Фејсбук.
„А бе бабо, нели прво Гоце Делчев рече дека ти дошол на вечера и масажа. Од каде сега Тодор Александров. Кажи мори бабо колку ти платија Некст Тајм да смениш исказ и да кажеш дека со Тодор Александров си била таа ноќ? Немој така бе бабо, не е убаво. Утре некој друг ќе направи песна у која на гости ќе ти дојде Цар Борис лично. Да те питам мори бабо, зошто на млади луѓе, талентирани музичари, толку им е важно да препеат песна за некоја спогодба , која со сила сакаат да ја прикажат како херој на кого му ја должиме државноста. Дечки од ‘Некст Тајм’ кој ви дава пари да се идеологизирате и да си го валкате музичкиот опус со ликови кои ниту нивното време ги оправдало, ниту историјата, а за нашето пак, се тотално неважни. Онака, лабаво, пред избори. Јебо вас Тодор Александров, да вас јебо. Сите до еден“, напиша Тасевски на „Фејсбук“.
По две години браќата Мартин и Стефан повторно снимија преработка на стара традиционална македонска песна. Предходно тоа беа преработките на „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“.
На настанот меѓу гостите беа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски и голем број на поддржувачи на партијата.
Текстот „Некст тајм“, јебо вас Тодор Александров – Сашо Тасевски ги заплеска браќата за преработката на песната е превземен од Reporter.mk.