Популарниот британски актер Хју Грант остро го критикуваше па дури и го навреди британскиот премиер Борис Џонсон, поради неговата одлука да го суспендира британскиот парламент.
Актерот на „Твитер“ не штедеше зборови кога го критикуваше Џонсон, кој го нарече „прекумерно промовирана гумена патка за бањање“.
„Нема да се заебаваш ти со иднината на моите деца. Нема да ја уништиш слободата за која мојот дедо се бореше и која ја бранеше во двете светски војни. Одј**и ти прекумерно промовирана гумена патка за бањање. Британија е револтирана поради тебе и твојата мала банда на мастурбирачи функционери“, напишал Грант на „Твитер“.
Твитор на актерот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
You will not fuck with my children’s future. You will not destroy the freedoms my grandfather fought two world wars to defend. Fuck off you over-promoted rubber bath toy. Britain is revolted by you and you little gang of masturbatory prefects. https://t.co/Oc0xwLI6dI
— Hugh Grant (@HackedOffHugh) August 28, 2019
„Хју Грант. Најдобриот премиер кој никогаш не сме го имале“, прокоментирал еден корисник на „Твитер“.
Покрај големиот број позитивни коментари, имаше и негативни реакции. Еден корисник напишал дека неговите предци се бореле во војните, но не за Европа која ја раководи мафија со седиште во Брисел.
Британската кралица Елизабета Втора во средата го одобри планот на Џонсон да ја суспендира работата на парламентот на месец дена, со што на пратениците им го скрати времето за да го блокираат брегзит без договор.
Критичарите и опозицијата тоа го гледаат како противуставен потег и обид за државен удар.
Текстот „Нема да се зае**ваш со иднината на моите деца“, Хју Грант со куп навреди до Борис Џонсон е превземен од Reporter.mk.