Водителката на „Утринска на Телма“ Цеце Трајковска направи необична моминска забава. Таа со другарките возеше кајак во кањонот Матка, а девојките потоа се забавуваа во приватна куќа во кањонот, до која се стигнува само со кајче.
„Добрите пријатели не ти дозволуваат да правиш глупости… сама“ напиша Цеце покрај сликите што ги објави на своите профили на социјалните мрежи. Таа во пораката им се заблагодари на другарките за еден од најнезаборавните денови во нејзиниот живот.
Водителката за „Репортер“ рече дека си поминала одлично на моминската. Таа ни откри дека наскоро ќе се мажи за своето долгогодишно момче Столе Тодосовски. Двојката одамна живее заедно, а Столе ја побарал за жена во Охрид.
„Со Столе се познаваме долго време, а речиси две години живееме заедно. Одлично функционираме и супер се надополнуваме. Гледаме деновите да ни се исполнети со убави работи и позитивни луѓе. Ме побара за жена во мај, во Охрид. Сега веќе се подготвуваме за свадбата“, ни рече Цеце.
Старосват на свадбата ќе биде Марко Марк, најдобриот другар на Цеце од детството.
(А.Ј)
Текстот Необична моминска забава на Цеце од „Телма“ е превземен од Reporter.mk.