Непознати лица пукале врз раперите 50 Сент и Текеши, пренесува „Ти-ем-зи“. Двајцата музичари не се повредени. Текаши и 50 сент снимале спот во Бруклин, кога крај нив поминало бело „порше“ од кое почнале да пукаат неколку лица со автоматско оружје.
Според извори на „Ти-ем-зи“ во полицијата, мета на напаѓачите бил Текеши, кој пред неколку месеци бил уапсен, под сомневање дека давел шеснаесетгодишник во трговскиот центар во Хјустон. Тие сметаат дека непознатите лица не сакале да ги убијат музичарите, туку само да ги исплашат. Полицијата ги прегледува снимките од безбедносните камери за да открие кој пукал врз Текеши и 50 Сент.
Текстот Непознати лица пукале во 50 Сент и Текеши е превземен од Reporter.mk.