Најмалку осум куршуми биле испукани во правец на вила на Беверли Хилс во која биле музичарите Канје Вест и Текаши 69, пренесуваат американските медиуми. Во вилата со нив била и пејачката Ники Минаж. Вилата во која се случил инцидентот била изнајмена за снимање музички спот.
Во пукањето нема повредени, но еден куршум минал низ прозорецот на една од спалните соби, рекле од полицијата. Тие ги бараат осомничените, кои засега се непознаци. Неофицијално, цел на нападот бил Текаши 69, една од ѕвездите на новиот бран во рап-музиката. Тој беше нападнат и пред неколку месеци кога снимаше спот со 50 Сент во Њујорк.
Текстот Непознати лица пукале во Канје Вест и Текаши е превземен од Reporter.mk.