Глумецот Џорџ Клуни изјави дека ги поддржува сите истраги поврзани за компанијата „Неспресо“ и нејзиното искористување на децата и детскиот труд за производството на какао во Гватамела. Оскаровецот смета дека сеуште има работа во истрагата за оваа компанија, која ангажира деца како добавувачи во оваа земја.
Клуни кој беше амбасадот на компанијата до 2006 година, сега вели дека е изненаден и згрозен од наводите кои се објавени во трејледот на британската документарна серија Dispatches, во која целосно е објаснета таквата ситуација со искористување на детскиот труд. Документарецот ќе биде пуштен во понеделник, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Новинарот на „Канал 4“ Ентони Барнет добил пристап до фармата во Гватамела, која е 10 по ред најголем светски производител на кафе. Тој ги снимил децата како работат по шест дена во неделата. Тие работат на плантажите и преместуваат големи терети.
„Се растажив кога ја видов и слушнав оваа приказна. Јасно е дека овој одбор и оваа компанија сеуште мораат да работат. И тоа така ќе биде“, изјавил Клуни и додал дека новинарите и понатаму треба да продолжат да ги истражуваат условите во кои работат работниците и прецизно да известуваат, за работите се подобрат.
„Неспресо“ е оперативна единица на „Нестле Груп“ со седиште во Лозана. Од компанијата велат дека имаат нулта толеранција за искористувањето на детскиот труд и покренале детална истрага. Исто така од компанијата тврдат дека го прекинале купувањето на кафето од сите фарми во регионот, сè додека не се во можност да гарантираат дека детскиот труд повеќе нема да се искористува.
Текстот „Нестле“ ги искористува децата за производство на какао, обвинува Џорџ Клуни е превземен од Reporter.mk.