Македонката Маргарита Томовска, која живее во Австралија и позната е во австралиската јавност како Мерцедес Maма, откако учествуваше во полициска потера со нејзиното бебе на задното седиште. Таа сега ги изненади своите фанови на Инстаграм кога откри дека е невработена, пренесува The Sun. Невработената Маргарита секојдневно објавува фотографии на социјалните мрежи, покажувајќи го нејзиниот луксузен живот и се фали со скапи автомобили и дизајнерска облека. Кога ја прашале како може да си дозволи таков живот ако не заработува, им го покажала банкарскиот извод на кој има околу 600.000 евра.
Таа призна дека трошела само за облека околу 5.000 евра неделно и ја финансира нејзиното момче, но кажа и дека тој не е ,,сладок дедо” како што мислат сите, туку е и помлад од неа.
„Немам потреба да работам“, рече таа. И додава: „Девојките се змии и ќе се обидат да бидат со него само за да го имаат мојот живот. Ова ми се случило трипати”, признава таа за британскиот таблоид.
Томовска помина четири месеци во затвор за учество во споменатата полициска потера во која бегала со 230 км/час од полицијата , додека на задното седиште била нејзината тригодишна ќерка, и откри дека сега пишува книга за своето искуство во ќелијата.
Текстот Невработената Маргарита Томовска: Неделно трошам пет илјади евра оти дечкото ме сака е превземен од Reporter.mk.