Ни секс шопот не и помогна на Ава Карабатиќ за кандидат за претседател на Хрватска

На полноќ истекува рокот за претседателските кандидати на Хрватска кои на изборната државна комисија треба да и предаат најмалку 10.000 собрани потписи. Своите кандидатури досега ги предадоа; Зоран Милановиќ, независниот Мислав Колакушиќ, кандидатот на Хрватската партија на сите кајкавци, чакавци и штокавци, Недељко Бабиќ и на ХСЛС, Дејан Ковач, потоа Анто Ѓапиќ, а пејачот Мирослав Шкоро, актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, Дарио Јуричан, Катарина Пеовиќ, Влахо Орепиќ и Иван Пернар.

Во трка за потписи беше и поранешна манекенка и модел Ава Карабатиќ која ги собираше во секс шоп.

-5 години не е многу време, но ветувам: Сите ќе ве задоволам – пишуваше на изборните плакати на Ава.

Во нејзината програме беше ставено дека ќе го забрани абортусот по шестиот месец на бременоста, дека ќе воведе сексуално воспитување во училиштата, заштита на животните, сузбивање на корупцијата…

Текстот Ни секс шопот не и помогна на Ава Карабатиќ за кандидат за претседател на Хрватска е превземен од Reporter.mk.