Поранешната актерка, а сега војвотка од Сасекс, станува навистина влијателна стилска икона помеѓу девојките и жените низ целиот свет.
Освен што помага нејзините омилени брендови да остварат поголеми продажби, успева и да влијае каква шминка и кои бои ги користат девојките.
Нејзиниот омилен кармин е „matte revolution“ на Шарлот Тилбери, од линијата „Very Victoria“ (инспирирана од Викторија Бекам) што чини 34 долари за парче.
Откако е откриено кој кармин го користи војвотката, брендот остварил продажба во висина од 20.000 долари токму за таа нијанса.
Оние кои не можат да си дозволат да го купат токму истиот кармин, експериментираат со слична боја од другите брендови.
Исто така, Меган Маркл во многу новинарски текстотви се споменува како модна икона која ја следат и младите и возрасните жени, а во многу од нив се спомнува токму овој кармин.
Текстот Нијансата кармин која стана популарна заради Меган е превземен од Reporter.mk.