Холивудската глумица Џенифер Лоренс, која наскоро ќе се мажи за Кук Маруни, вели дека ја имала најлошата моминска забава, оти не ѝ дошла ниту една другарка. Таа решила да прави журка во последен момент, но кога им кажала на пријателките кога и каде треба да се појават, сите биле зафатени.
„Никој не можеше да дојде. Се расплакав од мака. Се чувствував тажно, патетично“, рекла Џенифер во интервју и додала дека ја расположил Кук кој и рекол дека не смее да биде тажна.
Глумицата рекла и дека подготовките за свадбата се при крај, а таа веќе избрала венчаница, но и место каде што ќе се одржува свадбата.
„Не бев нервозна ниту налудничава кога го избирав фустанот. Едноставно, видов неколку венчаници и веднаш знаев која ја сакам“, открила Лоренс.
Оскаровката и трговецот со уметнички дела се верија по неполна година врска. Претходно, таа беше во врска со пејачот на „Колдплеј“ Крис Мартин, глумецот Николас Холт, и режисерот Дарен Арнофски.
Текстот Никој не ѝ дојде на моминската забава на Џенифер Лоренс е превземен од Reporter.mk.