Австралиската актерка Никол Кидман и нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан, планираат да посвојат син, пишуваат светските медиуми. Таа неодамна изјавила дека повторно ја обземала страста и желбата да стане мајка.
Кидман, која има 52 години, вели дека и покрај големата желба да добие дете по природен пат, сепак го прифатила фактот дека нема да може да остане трудна, па со сопругот одлучиле да посвојат дете.
Со Кит имаат две биолошки ќерки. Сандеј Роуз ја добиле по природен пат, додека Фејт Маргарет е родена со помош на сурогат мајка. Со поранешниот сопруг, актерот Том Круз, Никол Кидман има две посвоени деца.
Текстот Никол Кидман не може да забремени, сака да посвои дете е превземен од Reporter.mk.