Никол Кидман: Покрај Том Круз се чувствував заштитено

Актерката Никол Кидман имала само 22 години кога се омажила за својот колега Том Круз. Иако актерот поради припадноста во Саентолошката црква имал проблематични односи со своите поранешни сопруги, Кидман за првпат открива дека бракот ѝ значел во тоа време.

Кидман вели дека бракот со Том Круз ѝ пружил некој вид заштита во суровиот свет на Холивуд.

„Се омажив многу млада, но и покрај тоа, за мене бракот со Том Круз беше голема заштита. Се омажив од љубов, а бракот со така влијателен човек во Холивуд ме направи да бидам заштитена од различни сексуални вознемирувања што се случуваа во Холивуд на многу млади актерки“, изјавила актерката за NY магазинот.

Киднам вели дека по разводот ѝ се променил  животот.

„Кога се разведовме имав 33 години и изгледаше како тогаш да растам“, додава Никол, која ретко зборува во јавноста за бракот со Том Круз, со кого беше десет години во брак.

Кидман вели дека не сака да се осврне на минатото затоа што денеска е во среќен брак со музичарот Кит Урбан, со кого има две ќерки.

Никол и Том посвоија две деца, синот Конор и ќерката Изабел.

 

 

Текстот Никол Кидман: Покрај Том Круз се чувствував заштитено е превземен од Reporter.mk.