Никол Кидман за посвоените деца со Том Круз: „Ги сакам иако ја избраа саентологијата“

Светската актерка Никол Кидман во интервју за британски „Сан“ откри дека сака повторно да има нормален однос со нејзините деца кои ги посвои додека била во брак со Том Круз.

Кидман изгубила секаков контакт со Изабела Џеин (26) и Конор Круз (24) откако двајцата се посветија на саентологијата, како и нивниот татко.

„Тие го направија изборот и се свртеа кон саентологијата. Јас во тој период сфатив дека мајчинството е како патување. Како мајка секогаш треба да бидете подготвени за падови и иадигнувања. Но, сега знам дка на децата им е потребна љубов, а моја работа како родител и мајка е да им го овозможам тоа“, изјавила Кидман за „Сан“.

Светските медиуми пишуваа дека на австралиската актерка ѝ било забрането да присуствува на венчавката на синот Конор. Кидман денес е омажена за Кит Урбан, а ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет. Неодамна таа признала дека била премлада кога се омажила за Том Круз.

„Навистина бев премлада. Но сега кога ќе погледнам наназад си велам дека тоа е тоа што го сакав во тој момент. До мојата 27. година имав две деца и бев во брак 4 години“, открива Кидман.

 

Текстот Никол Кидман за посвоените деца со Том Круз: „Ги сакам иако ја избраа саентологијата“ е превземен од Reporter.mk.