Антонија Гиговска изминатиов период престојуваше во Романија, каде што учествуваше на јубилејното 50. издание на популарниот романски фестивал „Златен елен“ кој се одржува во градот Брешов. Младата пејачка, која беше една од 18-те странски изведувачи на фестивалот, го освои второто место на фестивалот. Таа тука, ја запозна и светски познатата ѕвезда Никол Шерцингер, а и се сликаше со неа. Некогашната членка на „Пусикет долс“ била една од главните ѕвезди во ревијалниот дел на фестивалот.
„Ти благодарам за поддршката и прекрасните зборови“, напиша Гиговска споделувајќи ја заедничката фотографија со славната колешка.
Текстот Никол Шерцингер ја пофали Антонија Гиговска е превземен од Reporter.mk.