Советот на Општина Карпош го избра глумецот Никола Ристановски за заслужен граѓанин на Општината за 2019 година.
„Никола Ристановски – македонски театарски, филмски, телевизиски актер, заслужен граѓанин на Општина Карпош! Чест и задоволство е што Ве имаме за карпошанин сограѓанин“, напиша градоначалникот Стефан Богоев.
50-годишниот Ристановски е еден од најпопуларните македонски актери. Глумел во многу претстави и филмови во Македонија и во регионот, меѓу кои и „Буре барут“, „Господа Глембаеви“, „Збогум на 20. век“, „Балканот не е мртов“, „До балчек“, „Сенки над Балканот“ и други. Добитник е на голем број престижни награди.
Текстот Никола Ристановски е заслужен граѓанин на Општина Карпош е превземен од Reporter.mk.