Никола Ристановски во филм што е во трка за „Оскар“

Драмата „Сињор“, во која главната улога ја има македонскиот глумец Никола Ристановски, е во конкуренција за најпрестижната филмска награда „Оскар“, во рамките на студенските филмски награди што ги доделува Академијата.

Филмот во кој глуми Ристановски е номиниран во категоријата наративни од интернационални филмски школи. Режисер на филмот е Маша Кларк, по потекло од Белград, која живее и работи во Лондон.

Оваа 19-минутна драма зборува за Дуња, старата љубов на нејзиниот татко, и за тоа што сè ќе дознае Дуња за неговото минато.

Добитниците на наградите ќе бидат познати на 17 октомври, кога ќе се одржи свечената церемонија.

 

 

 

Текстот Никола Ристановски во филм што е во трка за „Оскар“ е превземен од Reporter.mk.