Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ повторно ќе станат родители

Српскиот пејач Никола Роквиќ и манекенката Бојана Баровиќ го очекуваат своето второ дете. Брачната двојка веќе ја има ќеркичката Леона, која се очекува наскоро да добие брат или сестра.

Бојана и Никола се запознаа на натпреварувањето Survivor во 2010 година. Велат се вљубиле на прв поглед. Се венчаа пред две години во рамки на семејството и најблиските пријатели.

Три месеци подоцна, во август 2016 година, ја добија Леона, а второто дете се очекува да го добијат во март наредната година.

 

Текстот Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ повторно ќе станат родители е превземен од Reporter.mk.