Николас Кејџ се плаши дека сопругата ќе го остави без пари

Британскиот весник „Дејли Мејл“ пишува дека дошол во посед на снимка на која холивудскиот актер Николас Кејџ, направил поприлично бизарна сцена пред самата венчавка со Ерика Коике.

Ерика е помлада од актерот цели две децении, а очевидец вели дека ги видел двајцата пред самата венчавка. Сведокот вели дека Кејџ бил веројатно под влијание на алкохол кога двајцата се венчале.

Сепак очевидецот вели дека на крајот двојката ја потпишале потребната документација за да се венчаат.

„Таа ќе ми ги земе сите пари. Нејзиното поранешно момче е дилер“, викал нервозно Кејџ откако излегол среде улица, додека Коике делувала смирено.

„Не те наговорив на ова“, му одговорила Ерика на видеото, а потоа се обидела да ја смири ситуацијата тргајќи го на страна.

Светските медиуми пишуваат дека Кејџ сега се обидувал со сите сили да го поништи бракот, а доколку тоа не му биде дозволено, изјавил дека ќе побарал од судот да му го поништи бракот.

Николас Кејџ го поништи бракот четири дена по венчавката

 

Текстот Николас Кејџ се плаши дека сопругата ќе го остави без пари е превземен од Reporter.mk.