Глумецот Нил Патрик Харис, најпознат по улогата на Барни Стинсон од серијата „Како ја запознав вашата мајка“, денес е опериран во Њујорк. Лекарите му ги извадиле боцките од морски ежови што останале во неговата рака од летото, кога тој падна од јахта на островот Хвар и се повреди. Познатиот глумец и тогаш беше примен во болница, но неколку боцки останале неизвадени, па сега му се појавила инфекција на раката.
„Имав операција денес. Се сопнав и паднав во морето пред скоро два месеци додека се искачував на карпестите плажи во Хрватска. Извадив поголем дел од ситните боцки, но две останаа така што раката се инфицираше. Една боцка ја прободела тетивата (видете го видеото со ултразвук) “, напиша Харис на „Инстаграм“.
Тој додаде дека закрепнува благодарение на стручниот хируршки тим кој се грижи за него.
Нил престојуваше на Хвар кон средината на август. Таму беше заедно со сопругот Дејвид Бурткa и нивните деца, близнацит Гидион и Харпер.
Текстот Нил Патрик Харис опериран откако се повреди на Хвар е превземен од Reporter.mk.