Хрватската пејачка Нина Бадриќ ја раскина свршувачката со бизнисменот Тин Брало. Таа за хрватскиот магазин „Глорија“ потврди дека веќе не се заедно, откако минатата недела одржа концерт во Загреб, а не го носеше свршеничкиот прстен.
„Вистина е дека веќе го немам свршеничкиот прстен“, рекла Бадриќ за магазинот.
51-годишниот Брало и 45-годишната Нина беа во врска една година. Тие се свршија пред четири месеци на Малдивите.
Текстот Нина Бадриќ ја раскина свршувачката е превземен од Reporter.mk.