Нина Јанева е трудна, бебето ќе носи име по омилениот лик од „Игра од тронови“

Поп-пејачката Нина Јанева е трудна. Таа и нејзиниот сопруг Александар наскоро ќе станат родители. Нина е во шестиот месец од бременоста и чека девојче, кое ќе се вика Арја, според нејзиниот омилен лик од серијата „Игра на тронови“.

„Уште пред две години со Александар знаевме дека ако еден ден имаме ќерка, таа ќе се вика Арја. Таа е мојот омилен лик во оваа серија бидејќи е храбра и борбена. А бидејќи и Александар е голем фан на серијата, решивме да ја крстиме така“, рече Нина за „Репортер“.

Нина и Александар се венчаа лани на 19 октомври, а пејачката наместо венчаница носеше црн комбинизон, и на свадбата имаше само 13 луѓе.

„Црното е мојата омилена боја, бојата на моќта, бојата која секому најдобро му стои и наспроти сите верувања дека е ‘баксуз’ да носиш црно на својата венчавка се одлучив за овој комбинезон од црно жерсе и црн нежен жоржет“, ни раскажа Нина по венчавката.

(А.Ј)

(Фото) Се омажи Нина Јанева, невеста во црно

Текстот Нина Јанева е трудна, бебето ќе носи име по омилениот лик од „Игра од тронови“ е превземен од Reporter.mk.