Нина Мориќ и Фабрицио Корона по 11 години повторно заедно

Поранешната хрватска манекенка Нина Мориќ  по 11 години се смири со поранешниот сопруг, Италијанецот Фабрицио Корона, со кого го имаат 15 годишниот син Карлос. Уште од почетокот на нивниот брак, Мориќ и Корона имаа големи проблеми, а балканските медиуми пишуваа дека тој ја тепа, објавуваа слики на кои Нина пијана се тетерави додека го држи под рака, а се пипуваше и дека се дрогираат.

Нина и Фабрицио сепак решиле да си дадат уште една шанса и во интервју за италијанскиот магазин Chi откриле дека од неодамна се повторно заедно.

„Со Фабрицио пронајдов нов пат. Ново чувство за семејство. Враќањето кај Фабрицио е дел од нашето патување. Карлос е единствена наша Итака. Чувството кое го спојува семејството ги преовладува сите раздори, љубомора, правни бариери како што е разводот. Љубов. Еве што ќе понесам во Милано во куферот. Љубов која победува се. Засекогаш. Никој нема да отиде во Милано, нема да патува „преку барата“, нема да одиме во никакви села. Едноставно нашиот нов почеток ќе биде во Милано“, рекла Нина.

Двојката го има синот Карлос, кој неодамна наполни 15 години. Околу неговото старателство се водеше најголемата битка во текот на разводот. Карлос му припадна на таткото, по што Мориќ откри дека е во депресија.

„Го гледам Карлос во строго контролирани услови. Откако Фабрицио е во затвор, за син ми се грижи баба му. Дури и тој одеше на психијатар за да се справи со целата криза“, изјавила Нина во интервју за хрватските медиуми пред една година. Во истото интервју открила дека Фабрицио пред детето ја фрлил во ѕид и почнал да ја гуши, а потоа искршил се околу себе. Рекла и дека семејство на Фабрицио ја обвинувало дека е наркоманка, ја терале да оди на тестирања и ѝ забранувале секаков контакт со синот.

„Овојпат ќе биде поинаку. Семејството е над времето и просторот. Она што може да ја преброди секоја горчина“, додала таа за Chi.

Текстот Нина Мориќ и Фабрицио Корона по 11 години повторно заедно е превземен од Reporter.mk.