Саша Поповиќ нема да замине во најавената пензија. Тој деноноќно работи на избор на најдобрите пејачи за сите аудиции.
Иако сезоната 2017/2018 на „Ѕвездите на Гранд“ неодамна заврши, за челниците на Гранд продукција тоа не претставува никакво професионално олеснување. Тие немаат простор за одмор.
Од септември се очекува нова сезона, а во врска со тоа од Гранд порачуваат дека гледачите од нив очекуваат невиден спектакл!
„Не очекува спектакуларна есен и нешто целосно ново и поинакво искуство, кога станува збор за „Ѕвездите на Гранд“. Ги известуваме сите оние кандидати кои минале во новата сезона на нашето натпреварување, ќе бидат известени до 20 август“, се наведува во соопштението на прес службата на продукцијата.