Холивудскиот актер Ал Пачино ќе одржи две соло претстави во Париз следниот месец, за да се присети на неговите времиња во театар, кога имал поинтимни средби со публиката.
Во интервју за францускиот весник „Фигаро“, 78-годишниот актер од класиците „Кум“ и „Лице со лузна“ изјави дека долго време сонувал да игра во Париз.
„Ноќ со Пачино“ ќе се одржи на 22 и 23 октомври во Театарот на Париз, на англиски јазик, без превод.
„Низ разговори со публиката, ќе говорам за тоа што ми се случувало во животот“, кажа Пачино, додавајќи дека е голем обожавател на Молиер и Чехов. „Најдобро ја познавам европската литература“, доде тој.
Текстот „Ноќ со Пачино“-холивудскиот актер се враќа во театар е превземен од Reporter.mk.