Ноле им честиташе на Хрватите за освоеното сребро на мундијалот

Честитки до Хрватска на освоеното сребро на Светското првенство, стигна и од Србија, од Новак Ѓоковиќ.

„Сакам да му честитам на Лука Модриќ и на целата хрватска репрезентација на извонредниот успех. Многу е убаво да се види така мала земја да оствари толку голем успех на светската сцена. Без разлика дали станува збор за тенис, ватерполо, кошарка“, изјавил Ѓоковиќ во интервјуто за Радио-телевизија Србија.

„Убаво е да се остварат светски успеси и индивидуалците бидат препознати како најдобрите играчи на првенството.

Ѓоковиќ во неделата го освои Вимбелдон по четврт пат во кариерата, а на „коцкестите“ порака со поддршка им испрати уште од првиот ден на првенството. Исто како што и хрватските репрезентативци го поддржуваа него.

 

Текстот Ноле им честиташе на Хрватите за освоеното сребро на мундијалот е превземен од Reporter.mk.