Новак четврти пат шампион на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ победи во финалето на Вимблдон по пауза од три години. Тој беше подобар од јужноафриканецот Кевин Андерсон, со 3-0 во сетови (6-2, 6-2 и 7-6). Ова е четврта титула на Новак на Вимблдон, а 13. во кариерата.

Победата на Вимблдон е прв гренд слем трофеј на Ѓоковиќ по пауза од две години. Последниот трофеј на големите натпревари го освои во 2016 година, кога во финалето на Австралија Опен го победи Енди Мареј.