Најдобриот српски тенисер планира да отвори ресторан за бездомници, пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на соопштение од прес-службата на тенисерот. Тие засега не откриваат детали за тоа каде ќе се наоѓа ресторанот и кога ќе биде отворен, но се знае дека тоа ќе биде во Србија.
„Парите не ми се проблем. Заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека тие заслужуваат вакво нешто затоа што отсекогаш ме поддржувале“, стои во соопштението.
Новак веќе има два ресторана. Едниот е во Белград, а другиот е во Монте Карло. Тенисерот многупати рекол дека сака да готви и дека затоа избрал да ги вложи парите во угостителство.
Текстот Новак Ѓоковиќ отвора ресторан за бездомници е превземен од Reporter.mk.