Најдобриот тенисер откри дека повеќе не јаде месо и неговата исхрана се базира воглавно на производи од билки. Тој на прес-конференцијата по мечот против Јапонецот Јошихита Нишиоке од третото коло на Австралија Опен, пред новинарите зборуваше дека неговите добри игри се должат поради здравиот начин на исхрана.
„Последните 4,5 години играм на ова ниво поради мојот начин на исхрана. Задоволен сум од прикажаното. На почетокот имаше многу критики. Луѓето околу мене не веруваат дека можам да го направам ова. Имаше многу сомжени, прашаници, минав низ различни фази, но на крајот се навикнав на новиот стил на живот“, вели Ѓоковиќ.
Србинот објасни дека повеќе не јаде месо, не заради диетата туку повеќе е од етички причини. На овој начин Ѓоковиќ сака да ја крене свеста за сето она што се случува со животните.
„Тоа не е само диета, има и етички причини. Свеста за сето тоа што им се случува на животните на фармите. За нивното колење и мачење. Сето тоа има влијание и на климатските промени, иако луѓето не сакаат премногу да зборуваат за тоа. Тоа е една од причните поради кои ќе играм. Тоа е мојот животен пристап, нешто на кое сум горд и се надевам дека овој пристап и понатаму ќе продолжи и расте и дека преку мојот пример ќе ги инспирирам и останатите спортисти да се приклучат на ваквиот начин на исхрана. Треба да знаат дека и вака ќе можат подобро да играат да имаат повеќе мускули и сила. Јас не сум дигач на тегови, но имам оптимален баланс, брзина, сила и моќ. Мислам дека ништо не ми недостасува. Ќе продолжам да уживам во тоа“, заклучил Ѓоковиќ.
Текстот Новак Ѓоковиќ повеќе не јаде месо е превземен од Reporter.mk.