Новак Ѓоковиќ тешко повреден, го чека операција, Србинот ќе паузира долг период

Новак Ѓоковиќ би можел да биде отсутен од терените подолг период отколку што првично се мислеше, вели новинарот на „Њујорк тајмс“, Кристофер Клери.

Клери објавил дека повредата на Ѓоковиќ на левото рамо е потешка отколку што првично било утврдено и дека Србинот ќе мора да оди на операција.

Ѓоковиќ се откажа во осминафиналето на годинашниот УС опен, кога го предаде мечот на Стен Вавринка. Пред тој меч Ѓоковиќ се пожали на повреда во левото рамо, за време на мастерсот во „Синсинати“.

Србинот во моментов се наоѓа во Швајцарија каде што го лечи повреденото рамо. Српскиот ас неодамна изјави дека очекува да се врати на теренот до крајот на сезоната, а во план има да настапи на турнирите во Токио, Шангај и Париз, како и на завршниот Мастер и Дејвис куп.

Текстот Новак Ѓоковиќ тешко повреден, го чека операција, Србинот ќе паузира долг период е превземен од Reporter.mk.