Македонскиот џез-музичар Владимир Четкар на 23 јануари, ќе одржи џез, соул и фанк концерт во „Станица 26“. Првпат пред нашата публика тој ќе се претстави со десетчлен бенд. Ова е и прв концерт на Четкар во новата година, а воедно е и најава за неговиот нов албум.
„Албумот веќе го завршив и прво ќе биде издаден во Јапонија, на 6 март. Веднаш потоа ќе биде издаден во повеќе земји во светот, вклучувајќи ја Македонија“, вели Четкар за „Репортер“.
Тој деновиве одржува интензивни проби со својот бенд и се подготвува за концертот во „Станица“.
„Подготовките течат одлично бидејќи имам екипа составена од прекрасни луѓе и врвни професионалци. Возбуден сум секогаш кога има некој нов момент во мојата кариера, како што е овој настап со 10 музичари. Се радувам на концертот бидејќи чувството на сцената и интеракцијата со публиката на настапите во живо е незаменливо“, додава Четкар.
Концертот почнува во 21:30 часот, а е во организација на „3 Гонга“.
(А.Ј)
Текстот Новиот албум на Четкар ќе има светска промоција во Јапонија е превземен од Reporter.mk.