Поминаа 28 години од првиот албум на Мараја Кери, и покрај бројните подеми и падови, 48-годишната ар-ен-би дива продолжува да докажува дека сè уште е релевантна на музичката сцена. Доказ за тоа е и штотуку објавениот, 15. по ред студиски албум „Caution“, кој критиката веќе го оцени како „еден од најдобрите досега“.
Најавено со темите „GTFO“ и „With You“, изданието е вистинско освежување за љубителите на класичниот, но модерен ар-ен-би звук, а сето тоа е дополнето и со гостувања на Тај Дола Сајн (The Distance), Слик Рик и Блад Оринџ (Giving Me Life) и Гана (Stay Long Love You). Мараја воедно е и извршен продуцент на новиот материјал, а меѓу продуцентите што работеа на десетте песни се и хитмејкерите Тимбаленд, Скрилекс, Пу Беар, диџеј Мастард и други.
Албумот ќе биде поддржан и со истоимената светска турнеја што ќе започне во февруари следната година. Сите песни се веќе објавени и на нејзиниот официјален канал на Јутјуб, а насловната тема можете да ја слушнете во продолжение.
Текстот Новиот албум на Мараја Кери е најдобриот досега е превземен од Reporter.mk.