Викендов во Америка беше промовиран новиот филм на Кевин Спејси, Billionaire Boys Club. Филмот, кој се прикажува во само 10 кино-сали, првиот ден заработи 126 долари. Американските медиуми пишуваат дека вкупно 13 лица го погледнале филмот бидејќи цената на билетот е 9,27 долари. Надвор од САД филмот заработил околу 1.5 милиони долари. Покрај Спејси, во филмот глумат Ансел Елгорт и Ема Робертс.
Ова е прв филм со Кевин Спејси откако пред неколку месеци беше обвинет за сексуална злоупотреба. Глумецот беше заменет во еден филм, а го отпуштија од серијата „Куќа од карти“.
Текстот Новиот филм на Кевин Спејси заработи 126 долари е превземен од Reporter.mk.