Денес е затемнувањето на Сонцето со младата Месечина. Жителите на Чиле и делови од Аргентина денеска ќе бидат сведоци на целосно затемнување на Сонцето. Природната појава ќе биде видлива прво над Тихиот Океан во 13:01 часот по локално време, а над брегот на Чиле – во 16:38 часот, соопшти чилеанскиот астрономски центар.
Поклопувањето на Месечината и Сонцето ќе трае околу две минути. Притоа, температурата ќе се спушти за три или четири Целзиусови степени.
Според нумерологот Мими Силјановска-Главиновска, оваа природна појава има и нумеролошко значење. Нумеролошки гледано, сончевата еклипса, односно затемнувањето се случува на 2. 07 2019 и тоа одговара на бројот 21.
„Тоа значи дека 2 е месечина, а број 1 е сонце. Ова се случува во седмиот месец (јули) во знакот на рак, астролошки гледано. И ова се соларна еклипса која носи конфликти меѓу две држави, глобално муслиманска и христијанска. Тоа значи дека треба да се очекуваат голем број терористички акции на светско ниво“, вели Мими. Таа додава дека можни се поплави и земјотреси во држави кои се до големи води, односно мориња и океани, а на тоа укажува бројот 7, односно месецот јули.
„Соларната еклипса на овој датум, но влијанието на овие прогнози важи во овие три дена и ќе бидат посебно изразени на 3 и 4 јули“, вели Мими и додава: „Ова е целосна соларна еклипса. Да беше делумна ќе беше многу полесно. Посензитивните луѓе може да се чувствуваат повознемирени или нервозни. Бидете трпели и без многу тешки зборови поради кои можете да зажалите“, вели нумерологот Мими, која во мај прдвиде кој ќе победи на претседателските избори во Македонија. Таа со години најчесто погодува кој ќе победи на политичките избори кај нас.
Текстот Нумерологот Мими предвидува: Поплави и земјотреси поради затемнувањето на сонцето е превземен од Reporter.mk.