Жените не се совршени, но неспорно се подобри од мажите, смета поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Тој во едно свое излагање во Сингапур, изјавил дека светот би бил многу подобро место за живеење, ако жените се тие кои би го имале главниот збор.
Обама во Сингапур зборуваше за големиот број проблеми во светот, кој пред се ги прават постарите луѓе кои држат моќни позиции. Тој тврди дека ако светот го водат жените, веднаш би дошло до подобрување на животниот стандард.
Тој отворено кажа дека додека бил претседател, размислувал за тоа како би изгледал светот кога би го воделе жените, пренесува „Би-Би-Си“.
„Апсолутно сум убеден дека ако жените го водат светот, уште во првите две години би дошло до значително подобрување во сите области“, изјавил Обама.
На прашањето дали размислува повторно да се кандидира за претседател, Обама изјавил дека на вистинските лидери разбираат кога е време да се повлечат.
„За политичките лидери важно е да се потсетат дека се на тие места одреден период, за да направат одредени промени. Потребно е да разберат дека не смеат преку нивната моќ да го градат чувството на сопствена важност“, изјавил Обама.
Текстот Обама ги фали жените, не се совршени ама подобри се од мажите е превземен од Reporter.mk.