Обама почна да следи порноѕвезда на „Твитер“

Поранешниот американски претседател Барак Обама, почнал да ја следи на „Твитер“ американската порно ѕвезда Сара Џеј. Таа на социјалната мрежа има 1,1 милион фанови, а сега според пишувањата на британски „Сан“, на нив им се приклучил и поранешниот американски претседател.

Се јавиле голем број полемики, коментари и прашања, зошто Обама почнал да ја следи Џеј, а некои од објаснувањата се дека токму такво нешто денес му е потребно на светот. Некои велат дека Обама ужива во нејзините содржини кои ги објавува на социјалните мрежи.

Некои се шегуваат дека сега неговата сопруга, Мишел Обама, повеќе ќе го проверува неговиот мобилен телефон и дека настанат проблеми, ако тој одбие да ѝ го даде.

„Мишел ќе направи и повеќе од проверка на неговиот мобилен. Ќе настанат проблеми ако даде отпор“, напишала една корсничка на социјалната мрежа.

Покрај тоа што е извршна директорка во продукциска компанија за филмови за возрасни, Сара Џеј, пишува, режира и продуцира ваков вид на филмови. Таа работи 20 години во порноиндустријата и е една од најбараните порноѕвезди во 2018 година.

 

Текстот Обама почна да следи порноѕвезда на „Твитер“ е превземен од Reporter.mk.