Пејачката Наташа Беквалац се најде на мета на хакери кој со денови, како што вели таа, се обидувале да и го хакнат Инстаграм профилот, но и мејлот кој со години наназад таа го користи.
Наташа со јавна порака им се обрати на хакерите, кои се обиделе да упаднат на нејзиниот профил на социјалните мрежи.
„Најљубезно би ве замолила вас „моќни хакери“, и уште помоќни „ИТ експерти“, да престанете да се обидувате да го превземете мојот профил на Инстаграм и мејл, затоа што почнавте сериозно да ме малтретирате и досадно е. Почнете да се занимавате со некој законски регуларни дејности. Знам дека секоја промена е тешка и е стресна, но на крајот се ќе излезе на добро. Јас сум уметничка душа, не го разбирам овој вид на технологија. Знам дека не се разбирам во тоа, но знам кој се разбира. Затоа внимателно, затоа што кој на некој му копа дупка, сам паѓа во неа. Полека момци“, напишала Наташа на својот Инстаграм профил.
Ако се суди според коментарите на објавата на Наташа, многу нејзини обожаватели се сомневаат дека зад обидот да се хакира профилот на Беквалац, стои нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ. Наташа го пријави Лука за семејно насилство, тврдејќи дека Лука во ноќта меѓу 13 и 14 април, ја претепал во станот на Дедиње. Оваа приказна најде свој епилог на судот, а наредното рочиште е закажано за 20 јули.
Текстот Обид да ѝ биде хакиран Инстаграм профилот на Наташа Беквалац е превземен од Reporter.mk.